Google за инает на ЕУ ќе гради огромно седиште во Лондон

Откако Велика Британија изгласа излез од ЕУ на референдум популарно наречен Брегзит логичен чекор за Google беше да го зголеми присуството токму во Лондон. Интернет гигантот планира футуристичко седиште со градина, базен и стаза за трчање на покривот, во рамките на комплексот од три згради за 7.000 вработени.

Зданието треба да биде изградено до крајот на 2018 година и ќе биде прва комплетно изградена зграда на Google надвор од САД. Седиштето ќе се простира на површина од 9.700 метри квадратни, а ќе има вежбалница, велнес центар, соба за мазажа. Предвидена е и изградба на паркинг простор за 686 велосипеди и само четири места за автомобили.
Инаку се очекува до август Европската Комисија да го казни Google за нарушување на онлајн конкурентите преку нивниот интернет пребарувач и најверојатно ќе бидат побарани до 9 милијарди долари. Засега планот на Google за борба со ова можно решение не е познат.
