Економија, финансии, бизнис

Контакт

Голубовска:Ќе дојде правдата за сите жртви на власта

Голубовска:Ќе дојде правдата за сите жртви на власта

На протестите од „Шарената револуција“ вечерва се обрати активистката Јасмина Голубовска.

Таа говореше за незадоволството од власта, за жртвите на Тодоров, при што објасни дека и татко и е меѓу нив. Тој како полициски службеник кој 35 години од животот дал за службата, се соочува со здравствени проблеми.

„Јас денеска ќе зборувам и за мојот татко, кој целиот свој живот работел во полиција. Го однесовме во болницата на Водњанска, во зградите на смртта. После операцијата, докторите ми рекоа да го земам дома, што значеше дека ќе умре. Го однесовме во приватна клиника, каде сега го лечат и од она што не бил болен, од она што го фатил во болница“ - рече Голубовска.

Таа кажа  дека ќе дојде правдата за сите досегашни жртви на власта. Обраќајќи му се на братот на Мартин Нешковски, кажа дека ако треба ќе протестираат уште десет години, но ќе се изборат за правдата за Мартин.

Слично

Поврзани вести