Економија, финансии, бизнис

Контакт

Големо проширување на листата на дефицитарни професии во Австрија

Големо проширување на листата на дефицитарни професии во Австрија

Коалиционите законодавни партнери во Австрија се договорија листата на дефицитарни професии да се прошири на 45, наместо досегашните 27 струки на работници кои работодавците очајно ги бараат и се потребни од земјите кои не се членки на ЕУ.

Ќе се воведе посебен картон за квалификувани клучни работници, кои итно ги бараат домашните компании, но и да се тргнат бирократските пречки како што се неколкугодишно професионално искуство и завршена обука, најмалку 3.078 евра месечна бруто заработка кај работодавачот, долгорочен договор за закуп на престојувалиште итн.

Покрај бројните технички занимања како заварувачи и електроинженери, на пример, се додаваат и готвачи, кои итно се потребни во многу туристички региони. Фалат келнери,  сметководители, ѕидари и касапи, итн...

Ќе има и поволности и намалување на административните прелки за посета на семејствата на работниците 

Слично

Поврзани вести