Економија, финансии, бизнис

Контакт

Големото НЕ на Грција за Европа?

Големото НЕ на Грција за Европа?
Грција е блиску до одговор на референдумот. Иако резултати официјални се уште нема, првите анкети покажуваат дека НЕ има блага предност пред ДА. Повеќе европски политичари сметаат дека грчкото „не“ ќе ја загрози положбата на Грција во еврозоната, други пак се оптимисти за понатамошни преговори. Грција треба да и каже „ДА“ на Европа, порача, поранешниот грчки премиер Андонис Самарас. -Никој не може да ја игнорира пораката на одлучност на народот кој ја зема судбината во свои раце, рече Ципрас откако гласаше на референдумот.

Грција ќе мора да воведе друга валута, ако на денешнот референдум мнозинството гласа НЕ, изјави претседателот на Европскиот Парламент, Мартин Шулц,  за германското радио Дојчланд Функ.

-Дали Грција останува во Еврозоната по референдумот? Секако дека останува, но ако победи оцијата НЕ, официјална Атина ќе мора да воведе руга валута, бидејќи Еврото повеќе нема да биде на располагање како средство за плаќање, изјави Шулц, но нагласи дека во моментот кога некоја држава ќе воведе нова валута, тогаш таа земја излегува од Еврозоната.

-Ова се елементи кои ми даваат надеж дека граѓаните на Грција денеска нема да гласаат за опцијата НЕ, истакнува тој во интервјуто за Дојчланд Функ.

Слично

Поврзани вести