ГОЛЕМО ОТКРИТИЕ ЗА КИНА, НАФТА И ГАС ОД БУНАРИ ДЛАБОКИ 8.000 МЕТРИ: Дневно ќе се вадат 244 тони сурова нафта и 970.000 кубни метри природен гас
Најголемата кинеска
нафтена рафинерија, Синопек, објави дека извадила сурова нафта и природен гас
од новоотворените резерви со бунари длабоки околу 8.000 метри, во басенот Тарим
во регионот Ксинџијанг, јавува Раша тудеј (RT).
Според новинската агенција Синхуа, повикувајќи се на извори од компанијата, таа локација потенцијално би можела да дава 244 тони сурова нафта и 970.000 кубни метри природен гас дневно.
Полето за нафта и гас Шунбеи има 41 ултра-длабок бунар и е едно од најдлабоките комерцијални полиња за нафта и гас на копно, според Синопек.
Компанијата очекува откритието да ја зајакне енергетската безбедност на Кина.
Слично
