Големо намалување на проекцијата на економскиот раст во Македонија
народна банка на РМ направи корекција на проекцијата за економскиот раст на Бруто домашниот произвот, следејќи го примерот на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.
Наместо 3,2 отсто раст како што беше објавено во мај, сега стапката е намалена на 2,3 отсто, односно истата прогноза како што предвидува Светска банка.
Меѓународниот монетарен фонд веќе ја намали прогнозата за економскиот раст за Македонија на 1,6 отсто, наместо првичната проценка, кога ММФ очекуваше раст 3,2 проценти.
Неодамна и Светска банка ја намали прогнозата за растот на економијата во Македонија на 2,3 отсто, во споредба со претходно очекуваните 3,2 проценти.
– Во периодот на проекции се очекува постепено закрепнување на домашната економија по стагнацијата со која се соочивме во 2017 година, при оценет раст на БДП од 2,3 проценти во 2018 година и постепено натамошно забрзување на растот во натамошниот период и достигнување на одредени солидни стапки на раство 2021 година од 4 отсто, рече денеска гувернерот на НБРМ- Анита Ангеловска Бежоска за есенската ревизија.
НБРМ очекува најдобри резултати од извозот и странската побарувачка.
– Најновите проекции на НБРМ за следниот период вградуваат очекувања за стабилен и предвидлив домашен политички амбиент, како и повторно засилување на јавниот инфраструктурен циклус, потенцираше гувернерот на НБРМ.
Министерството за финансии со предложениот ребаланс на буџетот ја намалаи проекцијата за реалниот економски раст од 3,2 проценти на 2,8 проценти.
