Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОЛЕМО ИСТРАЖУВАЊЕ: Колку месеци по примање на две дози вакцина против ковид може да дојде до инфекција со вирусот

ГОЛЕМО ИСТРАЖУВАЊЕ: Колку месеци по примање на две дози вакцина против ковид може да дојде до инфекција со вирусот

Според податоците на големо истражување во Србија, инфекцијата по вакцинацијата вообичаено се јавувала четири месеци по примањето на втората доза, а според првите нецелосни податоци, нема значајна разлика во ефективноста меѓу „синофарм“ и другите вакцини што се користат во земјата. Сепак, како што денеска објавува Блиц.рс, истражувањето покажува дека разликата во заболувањето меѓу вакцинираните и оние кои не примиле никаква вакцина е сè уште голема, кога станува збор за бројот на заболени, но и за клиничката слика што е развиена.

Досегашните наоди, кои беа обелоденети, се базирани на анкета спроведена во Крагуевац, во која биле опфатени околу 145.000 граѓани. А по собирањето нови податоци, Националниот стручен комитет за имунизација треба да му препорача на кризниот штаб евентуално скратување на периодот на вакцинација, меѓу втората и третата, таканаречена бустер доза.

- Врз основа на податоците што ги добив во лична комуникација од професор д-р Дејан Башкиќ, а кои се однесуваат на подрачјето што го покрива Институтот за јавно здравје Крагуевац (околу 145.000 лица), во периодот од 1 јули до 1 септември, кај целосно вакцинирани лица инфекцијата била откриена во просек околу четири месеци по примањето на втората доза на вакцината. Треба да се има предвид дека во тој период се заразиле околу еден процент од вакцинираните од тоа подрачје, наспроти околу 3,3 проценти од невакцинираните. Кај овој релативно мал број на заразени вакцинирани лица и со релативно краток период на следење, нема значителна разлика во ефективноста помеѓу различните вакцини. Напоменувам дека тоа се уште необработени податоци, нецелосно статистички обработени. Врз основа на горенаведените податоци во кои имав увид, нема значајна разлика во ефективноста помеѓу „синофарм“ и другите вакцини. Меѓу вакцинираните на подрачјето што го покрива Институтот за јавно здравје во Крагуевац, околу 70 отсто од граѓаните се имунизирани со вакцината „синофарм“, а нивниот удел меѓу заразените е исто така околу 70 отсто. Би сакал уште еднаш да напоменам дека ова се необработени податоци и релативно краток период на следење. Понатаму, овие податоци се однесуваат само на заразените во тој период, без да се изолираат пациенти со клиничка слика која бара болничко лекување или лекување во одделенијата за интензивна нега. Очекувам наскоро професор д-р Дејан Башкиќ да ги соопшти податоците кои се однесуваат на подолг период на следење и групирани според тежината на клиничката слика кај заболените и имунизација со различни вакцини. Има податоци од странски студии кои укажаа дека „вакцината синофарм е помалку ефикасна од другите вакцини, но врз основа на овие податоци тоа не може да се потврди. Тоа не значи дека при подолго следење и поцелосна статистичка обработка, овие хипотези нема да се потврдат на подрачјето на Крагуевац каде што е направено истражувањето, вели д-р Душан Попадиќ, редовен професор по имунологија на Медицинскиот факултет во Белград и член на Националниот експертски комитет за имунизација.


Слично

Поврзани вести