Големо бизнис прегрупирање во „Европа“: се продадоа 9,39 % од акциите!
Во три трансакции на македонската берза се истргуваа 24.005 акции на фабриката „Европа“ по просечна цена од 3.145 денари. Ова значи намалување на референтната цена од цели 37,10% и воедно ова дека новиот сопственик се стекна со 9,39% од вкупниот број на издадени акции.
„Фершпед“ со околу 18 отсто и Макошпед со над 19 отсто досега беа најголеми акционери во фабриката за чоколади и кондиторски производи „Европа“. Освен „Фершпед“ и „Макошпед“, значителен дел од сопственоста на „АД Европа“ поседуваат и фирмата „Вет фарм Трејд“ (16,8 %), и две физички лица: хрватскиот државјанин Боро Левентиќ (9 %) и косовецот Есамедин Хасани (8,5 %). Кој од сите овие излезе од „Европа„ се уште не е познато, но индикатино е што пред само еден месец „Фершпед“ најпрвин купи 3, 71 отсто од акциите од Фондот за ПИОМ, а потоа набрзина ги продаде. Дали се случува ново бизнис прегрупирање ќе биде познато наскоро.
Слично
