Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОЛЕМО АПСЕЊЕ ВО СРБИЈА: Уапсени полицајци и судии поради мито и корупција!

ГОЛЕМО АПСЕЊЕ ВО СРБИЈА: Уапсени полицајци и судии поради мито и корупција!
Министерот за внатрешни работи на Србија Небојша Стефановиќ соопшти дека се уапсени 46 лица осомничени за криминал и перење пари, пренесуваат српските медиуми. Како што рекол министерот, уапсени се пет лица за кои се сомничи дека од 2009 гпдина до денес извршиле повеќе кривични дела и перење пари. Исто така, уапсени се и 15 припадници на белградската сообраќајна полиција кои извршиле кривично дело примање мито, со што е причинета материјална штета од три милиони динари. Уапсен е и судија за прекршоци во Гуча поради примање на мито, како и службеничката на ПИО фондот која внесувала фиктивен работен стаж на поединечни граѓани со што буџетот е оштетен за 4,5 милиони динари. Стефановиќ рекол дека борбата против корупцијата е многу важна и дека полицијата ќе покаже дека сите кои тоа го прават ќе бидат санкционирани и ќе сносат одговорност. Уапсените се товарат дека го оштетиле буџетот на Репбулика Србија, АП Војводина и повеќе општини во Србија за седум милиони евра.  
Слично

Поврзани вести