„ГОЛЕМИТЕ“ СО „ГОЛЕМИТЕ“ - во следните три години „Макпетрол“ ќе набавува нафтени деривати од ОКТА
Во следните три години најголемиот македонски дистрибутер „Макпетрол“ ќе купува нафтени деривати од скопската рафинерија ОКТА.
Таков договор склучиле двете компании, а за тоа беше известено и преку Македонската берза за долгорочни хартии од вредност.
Колку ќе тежи овој договор се уште не се знае, бидејќи ќе зависи од испорачаните количини и цените кои за нив ќе постојат на светските берзи, но факт е дена ќе биде на голема сума и дека ќе надмине 10 отсто од капиталот на друштвото.
„Известуваме дека Макпетрол А.Д. Скопје, склучи Договор за набавка на нафтени деривати од ОКТА рафинерија на нафта АД Скопје на 26 декември годинава, со важност од 1.1.2025 година до 31.12.2027 година. Вредноста на Договорот ќе зависи од идните преземени количини на нафтени деривати и од цените на истите на светските берзи. Проценуваме дека вредноста на Договорот ќе изнесува повеќе од 10 (десет) проценти од капиталот на Друштвото определено врз основа на последните ревидирани годишни финансиски извештаи“, се вели во цњеновно чувствителната компанија објавена преку Македонската берза за долгорочни хартии од вредност.
Н.Н.Ф.
Слично
