Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОЛЕМИТЕ ГО ТУРКААТ БИТКОИНОТ: Се исполнуваат ли прогнозите на аналитичарите за цената во март

ГОЛЕМИТЕ ГО ТУРКААТ БИТКОИНОТ: Се исполнуваат ли прогнозите на аналитичарите за цената во март

Вредноста на биткоинот вчера скокна за 5,26 проценти и достигна 57.079 долари, пренесува CoinDesk.

Оваа криптовалута беше над 57.000 долари последен пат на 22 февруари, објавија агенциите.

Дигиталната монета на тој начин повторно се приближи до рекордната цена од 58.300 долари, што ја забележа на 21 февруари, а инвеститорите ги тријат рацете од задоволство бидејќи биткоинот порасна за 570 проценти во последните 12 месеци.

Аналитичарите го припишуваат последниот скок на биткоинот во американската програма за стимулации вредна 1,9 милијарди долари, додека претходно еден од главните фактори беше вклученоста на големите институционални инвеститори и купувањето биткоин од големите глобални корпорации.

Сè започна со Тесла, компанијата на Илон Маск, која купи криптовалути вредна 1,5 милијарди долари, а потоа следуваа Сквер, Микростратегија и некои други големи корпорации.

Инаку, онлајн-анкетата спроведена минатиот месец од платформата „Пиплсеј“, сопственост на компанијата за истражување на пазарот „Шлезингер“ од Њуџерси, покажа дека 37 проценти од испитаниците барем еднаш инвестирале во криптовалута врз основа на твитовите на „Илон Маск“.

Според истражувањето, во кое учествувале 30.400 луѓе, скоро половина од испитаниците изјавиле дека твитовите на Маск за трендовите на пазарот се „доста интересни“, една четвртина сметаат дека главно не се сигурни, а 29% не уживаат во неговите објави.

„Големите“ го туркаат биткоинот

Една од причините за новиот раст на биткоинот е влез на нови, големи финансиски силни играчи во „играта“, овој пат можеби најмоќната досега. Инвестицијата предложена и водена од NYDIG (Њујорк дигитална инвестициска групација) вредна 200 милиони долари се смета за одговорна за вчерашниот скок.

Аналитичарот на Блумберг, Мајк МекГлоун во петокот храбро предвиде дека биткоинот ќе се искачи на ниво од 100.000 долари до крајот на месецот. МекГлоун беше еден од ретките аналитичари кои имаа храброст да предвидат дека биткоинот ќе скокне на ниво од 50 000 американски долари.

Биткоинот е криптовалута измислена од непозната личност или група луѓе во 2008 година, користејќи го името Сатоши Накамото.

Тоа е децентрализирана дигитална валута без централна банка или претседател, што може да се испрати од еден корисник на друг корисник директно, без посредници, преку мрежата биткоин.


Извор: агенции

Фото: Freepik.com

Слично

Поврзани вести