Големиот противник на Вучиќ, новинарот Георгиев призна: Успешната вакцинација во Србија е резултат на одличната политика на Вучиќ
Новинарот Слободан Георгиев, кој е познат како голем поддржувач на опозицијата и противник на властите во Србија, а особено на претседателот Вучиќ, сега отворено призна дека политиката на државата во која живее е успешна.
Георгиев учествуваше како соговорник во извештајот на турската телевизија TRT World за вакцинацијата во Србија. Според извештаите на тoj медиум, Србија е една од најуспешните земји според бројот на вакцинирани во светот, но, побара одговор зошто е тоа така.
- Бев вакциниран со вакцината Фајзер/Бионтек. Мајка ми со кинеска, а сестра ми ја зеде AстраЗенека. Можевме да избереме - рече Георгиев.
Тој признава дека успешната вакцинација и набавките за вакцини се резултат на успешната надворешна политика на Србија.
- Добри сме со Кина, Русија, ЕУ, Американците. Набавката на вакцини е резултат на таа политика. Не знам дали некои од овие земји имаат свои геостратешки цели што можат да ги постигнат со помош на вакцини, но обичните луѓе не ги интересира тоа. Не ме интересира од каде потекнува вакцината. Луѓето едноставно сакаат да се вакцинираат, да бидат заштитени и да не бидат болни - заклучи Георгиев.
Serbia has one of the world’s fastest coronavirus vaccine rollouts. We visit Belgrade’s biggest vaccination centre to see how the process works.
— TRT World (@trtworld) March 10, 2021
Watch Across The Balkans: https://t.co/munta6ECzf pic.twitter.com/hRMGIx1clO
