Која фирма од хотелиерството во акции, влогови и депозити чува 18 милиони евра?
Оперативна добивка, нето добивка и приходи од продажба лани повисоки од преклани. Токму ова го покажуваат податоците од финансиски извештаи за 2018 година на „Македонијатурист“ .
Најголемата македонска хотелиерско-угостителска компаниј лани изработи поуспешно од 2017 година и книжи раст на приходите и на нето добивката, покажуваат податоците од финансиски извештаи за 2018 година.
„Македонијатурист“ лани од своите хотели остварила приходи од 5,26 милиони евра и тоа е за 5 отсто повеќе од 2017 година или 259.000 евра. Вкупните приходи на компанијата за лани се 5,59 милиони евра.
Лани компанијата остварила нето добивка од 1,82 милиони евра. Тоа е за 34.400 евра повеќе од 2017 година односно за 2 отсто подобро од лани. Добивката по акција е 4 евра односно 247 денари за акција.
Компанијата во депозити и акции чува околу 18 милиони евра.
