Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОЛЕМИ ПОПУСТИ: Македонците ги „нападнаа” трговските центри во Солун

ГОЛЕМИ ПОПУСТИ: Македонците ги „нападнаа” трговските центри во Солун

Почнаа големите шопинг попусти во Солун. Една од омилените шопинг дестинации за Македонците ја отвори сезоната на попустиите.

Фармерки и за 10 евра, блузи, фустани за 5 евра можете да начекате во многу продавници.

Во трговските центри, како Космос на пример деновиве можат да се најдат најпознатите брендови за средна класа, од Зара до Манго, со видливи поевтини цени, отколку кај нас.

Туристичките агенции веќе се букирани за следните неколку денови кога се најголемите попусти во солунските продавници.

Секоја сабота или недела од утре, па се до крајот на февруари,агенциите нудат еднодневни шопинг патувања. Цените се движат од 800 до 1.200 денари за повратен билет со автобус или комбе.

Слично

Поврзани вести