Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОЛЕМА ЗАКАНА ЗА НАФТАТА: Сите ги кратат вложувањата!

ГОЛЕМА ЗАКАНА ЗА НАФТАТА: Сите ги кратат вложувањата!

Oстри кратења во инвестициите на нафтените компании претставуваат закана за иднината на тој енергент на пазарот.

За ова предупредува генералниот секретар на Организацијата на земји извознички на нафта ОПЕК, Мохамед Баркиндо.

Тој рекол дека, после понирањето на инвестициите од 26 отсто во минатата година, се очекува понатамошен пад на вложувањата за 22 проценти во оваа година.

Нафтените компании ги намалија своите инвестициони буџети бидејќи настојуваат да се прилагодат на цените на сировата нафта кои паднаа од нивоа од преку 100 долари за барел од 2014 година на под 30 во почетокот на оваа година, откако во последните неколку месеци се опоравија на околу 45 долари за барел.

Бразилската државна нафтена компанија Петробрас соопшти дека ќе ги намали инвестициите за 25 отсто во следните пет години.

Баркиндо кратењето на инвестициите го гледа како „сериозен проблем за индустријата на која и се потребни редовни вложувања...што и се заканува на нашата иднина“.

Премногу острата редукција на инвестиции би можела да доведе до тоа оваа индустрија да не биде способна да му одговори на растот на побарувачката во наредните години.

Генералниот секретар на нафтениот картел додал дека исправувањето на овие „кратени инвестиции, бара што побрзо да се пристапи до процес на урамнотежување на пазарот“.

Цените на нафтата не се опоравуваат значајно поради преголемата понуда на таа сировина на пазарот при што членките на ОПЕК првенствено се одговорни за тоа, бидејќи одржувањето на високи нива на производство настојуваат да ги сочуваат своите пазарни удели, констатираат светските агенции.

Слично

Поврзани вести