Економија, финансии, бизнис

Контакт

Голема тага: Најбараниот хрватски модел (29) ненадејно починa

Голема тага: Најбараниот хрватски модел (29) ненадејно починa

Најбараниот хрватски манекени ненадејно почина на 29-годишна возраст

Популарниот хрватски модел Патрик Цветко ненадејно почина на 29-годишна возраст. Патрик Цветко доживеал епилептичен напад, по што починал, пренесува Кроација Стори. 

Веста за неговата смрт ја потврди неговата пријателка Елена Диздар, која на својот Инстаграм профил напиша: 

- „Почивај во мир пријателе“. 

Цветко почнал да се занимава со манекенство на 19 години, а поради русата коса и сините очи стана еден од ретките хрватски модели со меѓународен успех.

Тој се појави и во спотот на Франка Бателиќ за песната План Б, во кој глумеа како пар.

На Инстаграм го следеа речиси 16.000 корисници, со кои редовно споделуваше фотографии од своето секојдневие.


Фото: Инстаграм

Слично

Поврзани вести