Економија, финансии, бизнис

Контакт

Голема полициска акција во Сараево – Уапсени три лица, меѓу кои и директорот на „Босналек“

Голема полициска акција во Сараево – Уапсени три лица, меѓу кои и директорот на „Босналек“

Во рамки на полициска акција спроведена утринава во Сараево од страна на припадниците на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) биле уапсени три лица.

Како што објавува „Н1“, нефицијално, меѓу уапсените лица е Недим Узуновиќ, директор на „Босналек“, како и Мехмед Јахиќ, професор на Економскиот факултет во Сараево и неговата сопруга Елвира Јахиќ.

„Н1“ пишува дека утрово била спроведена акција од СИПА и биле пребарани 12 локации на подрачјето на Сараево и Коњиќ, во кои биле опфатени станбени и деловни простории. Притоа посочуваат дека бил извршен претрес во куќата на Недим Узуновиќ во Коњиќ, а се работи за акција поврзана со фирмата „Босналек“, поради што тој бил уапсен.

Наведено е и дека предмет на истрага се лица осомничени за злоупотреба на службената положба, а во рамки на акцијата се приведени професорот на Економскиот факултет во Сараево Мехмед Јахиќ и неговата сопруга Елвира Јахиќ.

Сепак, се посочува оти од државната агенција се уште нема официјални детали за претресите и за приведените лица, официјално е само дека акцијата се спроведува под сомнение за злоупотреба на службена положба и овластување. 

Слично

Поврзани вести