Голема операција против даночни затајувачи во БиХ
Речиси 2000 компании во Босна и Херцеговина се под истрага заради затајување данок.
Обвинителството на БиХ соопшти дека води истрага против 1.970 компании кои не платиле данок во вкупен износ од 296 милиони конвертибилни марки (околу 151 милиони евра) и со тоа го оштетиле државниот буџет.
Обвинителството назначило тим инспектори кои ќе започнат проверка на компаниите по списокот на должници, што неодамна го објавија даночните власти. Инспекторите ќе бараат докази за криминална дејност даночно затајување.
Неплаќањето на даночните обврски претставува сериозен удар врз ионака слабата економија на БиХ, која пред се е резултат на политичката нестабилност на земјата. Невработеноста во БиХ е над 40 проценти, а бројот на пензионери е речиси еднаков на бројот на вработени.
Слично
