Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОЛЕМА ОПАСНОСТ: Во Атина пожар им се заканува на домовите

ГОЛЕМА ОПАСНОСТ: Во Атина пожар им се заканува на домовите

Шумски пожар во грчката престолнина Атина повторно е закана за домовите.

Огнот ги загрозува домовите во истата област каде минатата година пожар однесе повеќе од 100 животи.

Одделот за противпожарни служби денес објави дека три авиони и два хеликоптери кои испуштаат вода им помагаат на противпожарните екипи покрај пристаништето Рафина, пренесе Екатимерини.

Главниот пат што води до таа област е затворен за дојдовен сообраќај.

Областа е популарна кај капачите за време на летото, објави АП.

Пред една година, шумски пожар ја зафати областа Мати и други крајбрежни области, при што 102 луѓе загинаа и илјадници куќи се уништени.

фото Катимерини

Слично

Поврзани вести