Економија, финансии, бизнис

Контакт

Голема количина воено оружје „исчезнало“ во Белград

Голема количина воено оружје „исчезнало“ во Белград

Во Србија е отворен нов скандал откако Министерството за одбрана при редовна контрола открило дека од воените магацини недостасува огромно количество на автоматско оружје. 

Според извештајот исчезнале 70 полуавтоматски пиштоли ЦЗ-9.99 милиметри, пет автоматски пушки М-70 АБ2 7,62 милиметри и два сандаци муниција со калибар 7,62 милиметри и девет милиметри.

Министерот за одбрана и началникот на Генералштабот на Војската на Србија по овој повод формирале комисија задолжена за утврдување на причините „за предизвикувањето на овој вонреден настан“, а министерот наредил и вонредна контрола на сите магацини со лично вооружување и опрема, се напоменува во соопштението на министерството.

Во истражните дејствија се вклучени Военобезбедносната агенција, Воената полиција и Обвинителството, се наведува од Министерството за одбрана и се додава дека за резултатите од истрагата јавноста благовремено ќе биде известена.


Слично

Поврзани вести