Голема измама се заканува со „масакр“ на биткоин инвеститорите
Доколку се докажа дека огромниот раст на цената на биткоинот се создала вештачки преку манипулации финансиските експерти стравуваат од „масакр“ за инвеститорите кои вложиле многу пари во оваа криптовалута.
Опасноста е потоа вредноста на биткоинот да се сведе на нула, со што во загуба ќе бидат голем број на инвеститори кои иако вложиле многу пари ќе нема што да им прават на токените кои ќе немаат никаква платежна ниту електронска вредност.
Според обвинувањата на Bitfinex’d, корисник на YouTube кој ја открива шемата, била создадена лажна крипто-валута наречена Tether без никаква позадина со цел да се зајакне вредноста на биткоинот кој потоа постојано растеше. Зад Tether наводно стои компанијата за крипто-тргување Bitfinex кои имале голем интерес да се насочи вниманието кон биткоинот за потоа тие да остваруваат профити преку провизии.
Bitfinex потоа за да ги смири инвеститорите најави дека ќе дозволи независна ревизија на работењето, но исто така се открива дека тие го раскинале договорот со нивниот досегашен ревизор и нема најава кога ќе ангажираат нов.
Блогерот Bitfinex’d на кој му се заканува тужба продолжува со обвинувањата и тврди дека падот на биткоинот ќе биде катастрофален, а штетата ќе изнесува десетици милијарди долари.
