ГОЛЕМА ЧИСТКА: Кој и колку помагачи на терористите од Дива Населба се уапсени?
Силни полициски сили со поддршка на хеликоптери, утрово рано во скопски и кумановски села спровеле акција за апсење на помагачи и јатаци на злосторничко-терористичката група, која во мај годинава изврши вооружен напад во кумановската Дива Населба.
Од МВР соопштуваат дека најманлку пет лица учесници и помагачи на терористите се уапсени во утринската акција и согласно договорот со надлежните органи за борба против организиаран и тежок криминал, тие веднаш ќе бидат одведени пред надлежен судија.
Акцијата продолжува во текот на денот во регионот околу Скопје и Куманово.
Неофицијално, во акцијата е уапсен и Ф. Османи кој и помагал на групата во Дива Населба чиј татко исто така бил дел од таа криминално-терористичка организација која во мај пукаше на припадници на полицијата.
