Економија, финансии, бизнис

Контакт

Голема Богородица-четврток неработен ден за православните граѓани

Голема Богородица-четврток неработен ден за православните граѓани

Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека согласно со Законот  за празниците на РМ, 28 август 2014 година (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија.

Имео, Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица е голем христијански празник кај православните,католиците и протестантите, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос. Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму и називот успение, што значи искачување. Овој ден се празнува на 28 август по стариот календар, или 15 август поновиот календар.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православната вероисповед им го честита празникот.

Слично

Поврзани вести