ГОЛЕМА АКЦИЈА: Приведени лихвари, извршители и адвокати во западна Македонија
Десетина лица се уапсени, а неколку се во бегство во голема полициска акција што ја спроведува полицијата во западна Македонија, главно во регионот на Гостивар.
Според првичните информации, акцијата сеуште е во тек, а групата се сомничи за лихварство и перење пари. Меѓу уапсените освен лихвари, има и адвокати и нотари, кои им помагале во изготвување фиктивни договори. Запленети се и повеќе луксузни возила.
Еден од уапсените при обидот за негово апсење пукал кон полицијата, но набрзо бил совладан. Во текот на денот се очекува МВР да излезе со повеќе детали за оваа операција.
Слично
