ГОЛЕМА АКЦИЈА ВО ЦРНА ГОРА - Уапсени неколку припадници на криминална група, планирале убиства на јавни функционери
Во неколку црногорски градови, во тек е полициска акција за апсење на неколку лица за планирање убиство на неколку јавни службеници, објави ТВЦГ.
Повикувајќи се на свои извори, ТВЦГ известува дека акцијата започнала рано утрово, по наредба на Специјалното државно обвинителство, со претрес на повеќе локации.
Случајот беше формиран порано, а според неофицијални информации на ТВЦГ, истражителите, меѓу другото, работеле и на расветлување на случаи на подготовка на ликвидации и загрозување на безбедноста на неколку јавни службеници, објави порталот РТЦГ.
Подгорички „Вијести“ пишува дека се работи за шестчлена криминална група која според оперативните податоци на полицијата е блиска до криминалниот Шкаљарски клан.
Повеќето членови на криминалната група беа уапсени денеска по наредба на специјалниот обвинител Мирослав Турковиќ, додека некои од нив - Баранин Стефан Ѓукиќ и Емил Тузовиќ - се во украински затвор под обвинение дека се обиделе да го убијат Радоје Звичер, за кој се вели дека е еден од лидерите на Кавачкиот клан, во мај минатата година.
Извор: Блиц.рс
