Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОЛЕМА АКЦИЈА НА СРПСКИТЕ БЕЗБЕДНОСНИ СЛУЖБИ, СЕ АПСАТ И ВИСОКОРАНГИРАНИ ПРИПАДНИЦИ НА ВОЈСКАТА - преку јавна набавки „лапнале“ милиони

ГОЛЕМА АКЦИЈА НА СРПСКИТЕ БЕЗБЕДНОСНИ СЛУЖБИ, СЕ АПСАТ И ВИСОКОРАНГИРАНИ ПРИПАДНИЦИ НА  ВОЈСКАТА - преку јавна набавки „лапнале“ милиони

По наредба на Обвинителството за организиран криминал, по повеќемесечна предистражна постапка, во соработка со ВБА, Воена полиција, припадници на БВР и МВР, Управа за полиција - Служба за борба против организиран криминал, девет лица во Србија се уапсени, во постапка против 10 осомничени.

Како што се наведува во соопштението на обвинителството, дел од нив се високи припадници на војската на Србија, односно на Министерството за одбрана. Уапсени се А.Н., С.С., А.Т., Ј.С., З.К., Ж.Р., С.Р., Н.Б., и М.К., додека по Д.Д се трага.

Тие се товарат дека ги сториле кривичните дела здружување заради извршување кривични дела од член 346, злоупотреба на службената положба од член 359 и злоупотреба на положбата одговорно лице, пишува Танјуг.

Осомничените, како членови на организирана криминална група, на чело со организаторот А.Н., вработени во Министерството за одбрана, искористувајќи ги службените позиции и овластувања, со цел да се стекнат со имотна корист за себе и за други, на штета на буџетот на Р. на Србија, склучиле голем број договори кои се однесувале на различни инвестиции за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Србија.

Членови на оваа групација се и четворица вработени во Министерството за одбрана, како и пет одговорни лица од фирми.

За да се стекнат со противправна имотна корист од неколку милиони, осомничените, спротивно на сите деловници од Законот за јавни набавки, внесувале невистинити податоци во договорите кои се однесуваат на инвестициско одржување и вложувања во објекти за потребите на командите, единиците и институциите на Министерството за одбрана, на суми кои биле значително поголеми од реалните (пазарните).

Уапсените во полиција добија мерка притвор, а со кривична пријава ќе бидат изведени во Обвинителството за организиран криминал.

Слично

Поврзани вести