Голем синдикален штрајк, Грците излегоа на улиците во Солун и Атина
Со масовни протести денеска во во Атина и Солун илјадници вработени во грчката јавна администрација во Грција денеска излегоа на 48-часовен синдикален штрајк. Атина беше блокирана од демонстрантите, а над10.000 штрајкувачи излего и на улиците на Солун.
Штрајкот го организита Федерацијата на државните службеници (АДЕДИ). Денеска затворени беа училиштата и судовите, болниците работат со намален број на персоналот, новинарите ја прекинаа работата неколку часа и не емитуваа вести.Во прекин беше и железницата.
Главниот грчки синдикат на вработените во приватниот сектор, исто така, се приклучи на штрајкот со четиричасовен прекин на работата на неговите членови.
Денешните протести се првиот масовен штрајк по летниот период. Целта на штрајкувачите е да на натераат Владата да се откаже од строгите мерки за штедење наметнати од меѓународните кредитори. Власта засега не се откажува од реформите.
Синдикатите сметаат дека ваквиот потег на владата само ќе предизвика продлабочување на кризата, во која Грција се наоѓа шест години. Со последниот план, бројот на вработени во јавниот сектор треба да се намали за 25.000 оваа година како услов за добивање на меѓународна помош.
Слично
