ГОЛЕМ ШУМСКИ ПОЖАР ВО ПОЗНАТО ГРЧКО ЛЕТУВАЛИШТЕ - 88 пожарникари и волонтери се борат со огнот
Грчките власти евакуираа две населени места на островот Евија откако избувна голем шумски пожар.
88 пожарникари и волонтери се борат со пожарот, поддржани од осум противпожарни авиони и шест хеликоптери, соопшти грчката противпожарна служба, пренесува Ројтерс.
Силните северни ветрови го отежнуваат гаснењето на пожарот и придонесуваат за ширење на нови жаришта, што доведува до евакуација на жителите од погодените подрачја, се вели во соопштението.
Грција, како и другите медитерански земји, е во зона на чести летни пожари, што научниците го поврзуваат со сè поизразените ефекти од климатските промени и долгите сушни периоди.
Εύβοια: Φωτιά τώρα στην Κάρυστο pic.twitter.com/hcUrRTANom
— Flash.gr (@flashgrofficial) June 20, 2026
Фото: принтскрин/Икс
Слично
