Економија, финансии, бизнис

Контакт

Голем проблем за Црна Гора, извозот никако да тргне!

Голем проблем за Црна Гора, извозот никако да тргне!
Црна Гора во првите два месеци оваа година извезла роба вредна 38,6 милиони евра, што е за петтина помалку во однос на истиот период лани. Вредноста на увезени стоки пак била 215 евра и за 3,6 одсто е поголема од лани, покажуваат објавените резултати на Заводот за статистика на Црна Гора-Монстат. Црна Гора веќе долго време има проблем со високиот надворешно трговски дефицит и последните податоци укажуваат дека вредноста на увозот била шест и пол пати поголема од извозот. Покриеноста на увозот со извозот е 18 одсто и помала отколку во истиот период лани. Главниот надворешно трговски партнер е Србија во која е извезено роба во вредности од 10,7 милиони евра, а увезено за 48,5 милиони евра.
Слично

Поврзани вести