Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОЛЕМ ПРЕСВРТ: Руската Рубља се опоравува!

ГОЛЕМ ПРЕСВРТ: Руската Рубља се опоравува!
Вредноста на рускара рубља порасна во однос на европската и американската валута со што се компензираше вчерашната девалвација од 20 отсто. Московската берза објавила податок за раст на рубљата и според податоците таа утринава изнесувала 67,4 за еден долар, додека едно евро утрово вредело 84 рубљи. Во понеделникот Московската централна банка потрошила околу две милијарди долари во форма на инвестиции за стабилизација на валутата. Вредноста на рубљата драстично почна да опаѓа откако Централната банка на Русија ја напушти својата долгогодишна политика за регулација на вредноста на оваа валута. Експертите тврдат дека во моментов руската рубља има најниска вредност во изминативе неколку години, изедначувајќи ја ситуацијата со онаа за време на финансиската криза од 2008 година Централната банка одбива да преземе построги мерки за регулација. „Вакви мерки не се разгледани ниту еднаш до сега“, изјавил министерот за економија, Алексеј Уљукаев, по итниот состанок со членовите на руската влада и Централната банка. Американскиот гигант „Епл“ веднаш ја стопираше продажбата на своите производи во Русија поради „брзото опаѓање на руската рубља“. Падот на вредноста на рубљата беше предизвикан од неколку фактори, фклучувајќи ги тука падот на цената на нафтата како и санкциите на Западот против Русија, по кои многу тешко земјата многу тешко може да дојде до странски кредити.
Слично

Поврзани вести