Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОЛЕМ ПРЕСВРТ: Кому јапонскиот гигант му го продава бизнисот?

ГОЛЕМ ПРЕСВРТ: Кому јапонскиот гигант му го продава бизнисот?

Јапонската корпорација Тошиба е во поодминати преговори за продажбата на својата единица за производство на чипови.

Тошиба планира да го продаде конзорциумот во чиј состав е и компнијата Вестерн Дигитал откажувајќи се од претходното фаворизирање на понудувачот кој го предводи инвестициониот фонд Бејн Кепитал, известуваат светските агенции.

Понудата на тој конзорциум изнесува 1,9 илјади милијарди јени (17,4 милијарди долари).

Вестерн Дигитал и Тошиба, кои се партнери во бизнисот со мемориски чипови, се во судски спор поради плановите на јапонската компанија да ја продаде оваа своја единица.

Тошиба во јуни најави прелиминарен договор за продажбата на таа единица на Бејн Кепитал, компанијата ИНЦЈ и Развојната банка на Јапонија, но Вестерн Дигитал настојувал да го блокира тој бизнис. Тошиба на која и е потребно да собере готовина до крајот на март како би го избегнала делистирањето од берзата, се свртела кон конзорциумот Вестерн Дигитал за да ја заврши продажбата до тој рок.

Слично

Поврзани вести