ГОЛЕМ ПОЖАР ВО ЧАИР: Станари заробени во запалена зграда!
Пожарникарите се обидуваат да го стават под контрола пожарот кој избувна во зграда во скопски Чаир. На погорните катови од зградата има заробени станари кои не успеале на време да се симнат. Тие на терасите очекуваат спас од околу 30-тина пожарникари вклучени во интервенцијата.
Пожарникарите се обидуваат со скалила да стигнат до нив. Се уште не е јасно од што избувнал пожарот кој ги загрозува животите на станарите во оваа зграда. Интервенцијата е во тек, па противпожарните служби не можат да излезат со повеќе информации.
Слично
