Економија, финансии, бизнис

Контакт

Голем пожар беснее северно од Атина

Голем пожар беснее северно од Атина

Гори во близина на грчката престолнина Атина. 

Властите евакуираа неколку подрачја северно од Атина откако пожарот ги зафатил шумите и се доближил до куќите. Со пет канадери и четири хеликоптери се гасеа  пожарите во подрачјата Стамата и Родополи, 30 километри североисточно од главниот град. Жителите на ова подрачје примиле предупредување на мобилните телефони и се повикани вратите и прозорците да ги држат затворени што е можно подолго за да не би биле изложени на чад.

Деновиве Грција ја очекува топлотен бран и се стравува за пожари. Температурите ќе се искачат до 44 степени. 

Слично

Поврзани вести