ГОЛЕМ ПЛАН: На Грција мигрантите, кредиторите го бришат долгот?
Грција би можела да го отплати својот долг на странските доверители така што би ги отворила центрите за мигранти депортирани од Европа.
На овој начин Грците и даваат на Европа уште една опција да ја реши мигрантската криза, предлогот е на чешкиот претседател Милош Земан.
Центрите би биле изградени на грчките острови каде ќе бидат префрлени мигрантите вратени од Европа, а Грција задржувајќи ги мигрантите би го отплатила својот долг кон странските доверители, објаснил Земан.
Тој во интревју за чешкиот тв канал Призма рекол дека таа идеја потекнала од еден од неговите советници и ја нарекол оригинална замисла, која би можела истовремено да реши два проблема, пренеусва Ројтерс.
Лидерите на ЕУ на утрешниот самит со Турција во Брисел ќе извршат притисок на официјална Анкара да се согласи на депортација на големиот број еконосмки мигранти од Грција за што ЕУ ќе издвои значајни средства.
