ГОЛЕМ ПАД ПОСЛЕ БРЕГЗИТ: Со каков проблем се соочуваат британските фирми?
Бројот на договори за купување на британски компании, како и за нивно преземање од странски фирми, паднал во второто тромесечие.
Тоа зборува дека фирмите ги одложиле плановите за проширување на бизнисот после Брегзит, покажуваат денеска објавените официјални податоци.
Бројот на склучени договори за аквизиции, помеѓу британско-британсите компании и британско-странските фирми, паднал на 87 во второто тромесечие од 190 од првите три месеци оваа година, според податоците на британската статистичка канцеларија.
Тоа е најмалиот број на трансакции откако во првиот квартал на 2010 година почнало следењето на овие податоци.
Во период од април-јуни имало само 20 случаи во кои странските компании купиле британски, што е значајно пониско во однос на 52 од првото тромесечие и најмалку од почетокот на 2013 година.
Бројот на договори за спојување и преземање помеѓу британските компании паднал на 47 од 95 , наведува Ројтерс.
Податоците на статистичката служба, исто така покажале дека вредноста на договорот за преземање значајно паднала во вториот квартал на 14 милијарди фунти (18,70 милијарди долари) од 69 милијарди фунти од првото тромесечие
