ГОЛЕМ ПАД НА БРОЈОТ НА РАБОТНИЦИТЕ ВО ИНДУСТРИЈАТА - најпогоден секторот рударство и вадење камен
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – март 2026 година во однос на периодот јануари – март 2025 се намалил за 3,3 проценти, а во март 2026 во однос на март 2025 година за 2,8 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Бројот на работниците во март 2026 година, во однос на март 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6,9 отсто, во секторот Преработувачка индустрија за 2,8 проценти, а се зголемил во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,6 отсто.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март 2026 година, во однос на март 2025 година, се намалил во групите Енергија за 2,1 процент, Капитални производи за 3,6 отсто, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,4 проценти и Интермедијарни производи, освен енергија за 2,9 отсто, а се зголемил во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 1 процент.
