ГОЛЕМ ПАД НА БРОЈОТ НА РАБОТНИЦИ ВО ИНДУСТРИЈАТА - преработувачката со најголема загуба, еве ги деталите
Пад на бројот на работници во индустријата е забележан во петтиот месец од годинава.
Како што ојбави Државниот завод за статистика, бројот на работниците во мај годинава, во однос на мај лани е намален за 4,3 проценти.
Во периодот јануари – мај 2025, пак, во споредба истиот период од 2024 година, нивниот број е помал за 4,1 отсто.
- Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2025 година, во однос на мај 2024 година, се намалил за 2, 4 проценти, во секторот Преработувачка индустрија за 4,5 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,3 проценти - се појаснува во објавата на ДЗС.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2025 година, во однос на мај 2024 година, се намалил во групите Енергија за 3,2 проценти, Капитални производи за 9,3 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,6 проценти. Од друга страна се зголемил во групите Tрајни производи за широка потрошувачка за 12,4 проценти и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,1 отсто.
