Голем митинг за оставка на Груевски!
Уште од утринава се ангажирани големи човечки ресурси и превозни средства за да се стаса навреме за големиот митинг најавен за денеска во 14 часот пред Владата.
На протестот ќе учествуваат 15 политички партии, невладини организации и здруженија, активисти...
Лидерот на СДСМ Зоран Заев најави учество на околу 100.000 граѓани, што би било рекордна бројка. Експертите сепак се сомневаат дека е возможно да се собере толкав број на луѓе.
Учесниците на протестот ќе побараат оставка на Владата и премиерот Никола Груевски. Најмалку 5.000 луѓе се очекува да останат пред Владата на Македонија.
Вчера во текот на проблемот опозицијата известуваше за проблеми во обидот да се ангажираат автобуси, односно дел од превознците под притисок ги откажувале превозните средства.
Заев најави дека ако треба ќе дојдат и со трактори и багери.
Слично
