Економија, финансии, бизнис

Контакт

Голем контра-митинг на 18 мај на ВМРО-ДПМНЕ!

Голем контра-митинг на 18 мај на ВМРО-ДПМНЕ!

Никој од лидерите во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ не го отворил прашањето за можни конфликти меѓу демонстрантите, со оглед дека натпартискиот протест на 17 мај е најавен како активност која нема да заврши за еден ден.

Претседателите на партиите од предизборната коaлиција на ВМРО-ДПМНЕ денеска одржале лидерска средба во зградата на Собранието, каде глaвната владејачка партија го презентирала планот за одржување голем митинг на 18 мај, тврдат за Дојче веле извори од оваа коалиција, пренесува Дојче Веле  .

Како што им објаснил на коалициските партнери, Емил Димитриев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, по протестот на опозицискиот СДСМ на 17 мај, требало да се демонстрира уште поголема масовност и поддршка за власта.

„Протестот треба да биде неколкукратно помасовен од оној на опозицијата, за да се покаже дека власта има неспоредливо поголема поддршка“, рекол Димитриев и побарал од партнерите во коалицијата да достават листи со имиња на членови и поддржувачи кои ќе бидат мобилизирани да дојдат на митингот, како и за бројот на автобуси и други детали.

Како што информираат нашите извори, дел од коалициските партнери не го прифатиле барањето да доставуваат такви листи, со образложение дека ова не е предизборен митинг, дека не можат да го притискаат членството, бидејќи кој сака да дојде - сам ќе дојде!

Засега, освен денот на митингот - 18 мај, не е прецизиран часот на негово одржување, со образложение дека има време, односно дека обврската за негово пријавување е 48 часа пред одржувањето на настанот.

Повеќе прочитајте тука.

Слично

Поврзани вести