Голем интерес во јавноста за вечерашната трибина на СДСМ
Како што и претходно напомнавме, опозициската СДСМ денешната таканаречена „бомба“ наместо на прес конференција ќе ја објавува од седиштето на Универзална сала во Скопје.
Досега во јавноста е забележан голем интерес за тибината која е бесплатна и предвидено е да започе во 19 часот а истата ќе се пренесува во живо преку официјалната веб страна на опозицијата www.sdsm.org.mk.
Над 120 акредитирани новинари, сниматели и фоторепортери најавиле присуство на трибината досега, како и над шест дипломатски претставништва во Македонија.
За оние кои нема да можат да бидат внатре во Универзална, надвор ќе има два видео бима на кои ќе се врши директен пренос.
Заев на последната седма прес конференција на која ги објавува како што вели прислушуваните аудио разговори потенцираше дека вечерва ќе биде обелодинет најголемиот изборен грабеж во историјата на Македонија.
