Економија, финансии, бизнис

Контакт

Голем граѓански протест во Бугарија – се бара оставка од Владата

Голем граѓански протест во Бугарија –  се бара оставка од Владата
Противниците на Владата на Пламен Орешарски излегоа на нов национален протест денеска. Освен во главниот град , демонстрации имаше во Бургас , Варна , Пловдив , Благоевград и ште десетина градови од земјата. Во Софија дел од демонстрантите на кратко го блокираа сообраќајот на Орлов мост, по што се префрлија пред зградата на Народното собрание и му се приклучија на маршот организиран од бугарските емигранти кои се вратија дома за празниците . Граѓаните носеа плакати „Се вративме за оставка" ,„Универзитетските професори повикуваат - разбудете се“ и извикуваа „Оставка“! Претставниците на „Ранобудните студенти" исто така се приклучија на митингот и ги прочитаа своите барања пред учесниците на протестот. Според нив единствената слободна платформа каде можат да го искажат слободно своето мислење , е окупираната аула на Софискиот универзитет.
Слично

Поврзани вести