ГОЛЕМ ДЕФЕКТ НА 10 КИЛОВОЛТЕН ДАЛЕКУВОД - центарот на Скопје без струја
Централното градско подрачје од главниот град од околу 14.30 минути остана без електрична енергија.
Од ЕВН Македонија за Фактор потврдија дека станува збор за голем дефект на 10 киловолтен далекувод.
- Станува збор за покомплексен дефект. Екипите на ЕВН веќе се на терен. Временска рамка не можеме да определиме кога би бил отстранет дефектот, што значи дека санирањето би можело да трае и половина час, но и подолго. Струја немаат корисниците во Дебар мало, потегот околу Универзална сала, делот околу Нова Македонија. Што значи станува збор за најстрогиот центар на градот - објаснуваат од ЕВН за Фактор.
А.Б.
Слично
