Голем број на станови под хипотека во Скопје
Секој петти стан во Скопје бил под хипотека со завршувањето на претходната година 2018-та, покажуваат податоците кои ги објави Агенцијата за катастар на недвижнини.
На истекот на анската година во главниот град биле регистрирани 312.904 станови, од кои под хипотека биле заложени кај кредиторите 57.106 од нив, што е 18,2 отсто од вкупниот број.
На ниво на Македонија процентот е помал и од вкупно 1.071.000 станови, под хипотека кај банките се регистрирани 122.307, односно 11,4 од овие недвижнини.
Процентуално, покрај Скопје, најголем дел од становите под хипотека има во Неготино (18,57%), Гевгелија (15,67%), Кавадарци (14,54%) и Битола (12,02%).
Слично
