Голем број на Грци „ослепуваат“ поради парична помош
Голем број на измами откри грчкиот Завод за здравствено и социјално осигурување. Како што информираат оттаму, речиси две третини од пријавените слепи осигуреници на грчкиот остров Калимнос одеднаш „прогледале“ во текот на посетата на инспекциската служба за социјално осигурување.
Во 152 измами на слепи од почетокот на јуни на малиот остров Калимнос е утврдено дека 100 или 65,7 проценти излажале дека се слепи.
Последните години се пронајдени стотици лажни слепи луѓе, лица со интелекнуална попреченост, инвалиди и пензионери кои неосновано добиваат помош.
Слично
