Голем број на директори и членови на УО во Македонија без високо образование
Повеќе од половина од членовите на Надзорните одбори во јавните претпријатија, агенции, заводи итн, немале никакво претходно искуство во тематиката за која биле одбрани да одлучуваат, покажува извештајот на Сосиетас цивилис кој е тукушто објавен.
Во извештајот под име „Кој тоа таму управува?“, истражувањето покажало дека дури 52 отсто од членовите на надзорниот одбор имале „нула“ искуство во дејноста на јавното претпријатие, совет, комисија, дирекција, фонд, регулаторни тела или друго. Дури 43 отсто од членовите на управните одбори го имале истото искуство, а во советите такви биле 24 отсто, според доставените биографии (DV).
Според евиденцијата на дипломите, она што загрижува е дека за директори
и членови на надзорни одбори се
појавуваат личности со средно
образование што е во спротивност со
законските критериуми, каде високото
образование е задолжително. Така,
2% од директорите и 7% од членовите
на надзорните одбори се со средно
образование.
Генералниот
заклучок е дека критериумите не се
доволно прецизни и дека при изборот на иправувачите недостасува фер, транспарента
и постапка според заслуги.
Дополнително на критериумите за
назначување, постојат и недостатоци
и недоречености во делот на
критериумите за разрешување според
перформанс на назначените лица.
Во истражувањето побарани
беа професионални биографии
(CV) на директорите, членовите на
управните одбори и членовите на
надзорните одбори. Од добиените
биографии во базата на податоци беа
внесени информации за степенот на
образование, област на студии и години
на искуство во доменот на работа на
претпријатието или независното тело. Од процесот на прибирање на
информации се направи база на
податоци која содржи податоци за
вкупно 1206 членови на управувачки
структури.
Од испратените барања за
доставување на биографии (CV)
може да се забележи дека за нешто
повеќе од половината учесници во
управувачките структури биле доставени информации. Во 19% од
случаите, доставена е информација
за управувачките структури, меѓутоа
институциите не доставуваат
биографии.
