Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Goldman Sachs“ очекува еврото и доларот да се израмнат во септември

„Goldman Sachs“ очекува еврото и доларот да се израмнат во септември

Еврото се подготвува да продолжи со нагла девалвација и е на пат да го достигне нивото на паритет во однос на американскиот долар во септември 2015 година, прогнозираат аналитичарите на најголемата американска банка „Goldman Sachs“.

Банката ги намали своите полугодишни прогнози за еврото до 1000 долари од претходните очекувања за ниво од 1,1000 долари.

Во исто време „Goldman Sachs“ ги „соблече“ нагло и своите квартални прогнози и веќе се обложува на пад на единствената европска валута кон 1,0200 долари (при претходна квартална прогноза за ниво од 1,1200 долари).

Аналитичарите на американската банка ги намалија и 12-месечните прогнози за основната валутна двојка до ниво за еврото од 95 американски центи (при претходна прогноза за 1,0800 долари).

„Goldman Sachs“ очекува до крајот на 2017-та година еврото дури да се обезвредни до ново рекордно дно од 80 американски центи, пробивајќи го сегашното негово историско дно од 2000-та година околу 0,8228 ниво.

Според банката во краток рок единствената валута ќе продолжи да се намалува, бидејќи аналитичарите на „Goldman Sachs“ очекуваат на седницата следната недела (на 17-ти и 18-ти март) Банката на федерални резерви да се откаже од досегашната фраза за „трпеливност“ во однос на овие рекордно ниски каматни нивоа. Ова може да биде протолкувано, како знак за почеток на циклус на затегнување на американските камати кон средината на годината.

Слично

Поврзани вести