Економија, финансии, бизнис

Контакт

Голдман и Сакс: Велика Британија треба да остане во ЕУ

Голдман и Сакс: Велика Британија треба да остане во ЕУ
Претседателот на американската инвестициона банка „Голдман и Сакс“ Гери Кон изјави дека Велика Британија треба да остане во Европската унија за Лондон да опстане како „голем финансиски центар на светот“. Според Кон финансиските компании сакаат да останат во Лондон и затоа останувањето на Британија во ЕУ е најдоброто решение за инвеститорите. Кон објаснува дека поголемиот број на фирми стравуваат оти државите во ЕУ би можеле да воведат давачки за банки кои се лоцирани во Британија во случај Британците да ја напуштат Унијата. Иако дел од бизнисмените сметаат дека напуштање на ЕУ е вистинскиот чекор за Лондон. „Ние сите сакаме да останеме во Лондон – тоа е нашата европска централа“, вели Кон, кој учествува во работата на Светскиот економски форум во Давос. Британските финансиски експерти предупредуваат дека големите банкарски и финансиски компании стравуваат од можноста Велика Британија да организира референдум за напуштање на ЕУ по евентуална победа на Конзеравтивната партија на премиерот Дејвид камерон на мајските парламентарни избори. Евроскептиците во редоите на оваа партија не сакаат да се случи да бидат доминирани од Германија.
Слично

Поврзани вести