Економија, финансии, бизнис

Контакт

„GOLDEN EAGLE“ (ПОРАНЕШНО ФЕНИ) СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА: 670 нови работни места и старт на производство на никел во април

„GOLDEN EAGLE“ (ПОРАНЕШНО ФЕНИ) СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА: 670 нови работни места и старт на производство на никел во април

Компанијата Golden Eagle, поранешна ФЕНИ, повторно ја активира фабриката во Кавадарци, со што започнува нова фаза за индустрискиот и економскиот развој на регионот.

Како што информира градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, во првата фаза ќе бидат вратени на работа 170 работници, а потоа ќе следува втора фаза со ангажирање на дополнителни 500 лица, со што вкупниот број на вработени ќе достигне 670 работници.

Почетокот на производството на никел е планиран за април, кога производствените печки ќе бидат ставени во целосна функција.

Реактивирањето на фабриката е резултат на добрата соработка меѓу Golden Eagle, Општина Кавадарци и Владата, како и директната поддршка од премиерот Христијан Мицкоски, што овозможи некогашниот индустриски гигант повторно да заживее.



Слично

Поврзани вести