Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ѓоковиќ: Еден од најтешките порази во животот

Ѓоковиќ: Еден од најтешките порази во животот

Најдобриот тенисер на светот беше главна надеж на Србија за злато во Рио, но уште во првото коло го запре Аргентинецот Хуан Мартин дел Порто.

„Ова е еден од најтешките порази во мојот живот и кариера. Раните уште се свежи. Боли ужасно. Боли бидејќи многу луѓе се потпираа на мене. Јас им се извинувам што ги изневерив. Многу сум тажен и разочаран“, рекол Ѓоковиќ.

Дел Потро втор пат во низата го совладал Ѓоковиќ на ОИ, пред четири години во Лондон го победи во мечот за бронзен медал.

„Делпо беше подобар играч и заслужено победи. Во клучните моменти играше исклучителен тенис и морам да му честитам. Драго ми е што ме победи добар пријател кој долго се мачеше со повреди“, додал Ѓоковиќ.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/qzHuv5RnGUc[/embed]

Ѓоковиќ во солзи го напушти тенискиот терен во Рио.

„Нема да звучам како да кукам. Цел живот, се што постигнав во кариерата ми подарија бог и животот и јас сум исклучително благодарен на тоа. Тоа е нешто неверојатно што го доживеав до сега во кариерата. Овие Игри беа толку долго исчекувани со желба, не можев да го пружам својот максимум и да го прикажам својот тенис. Не барам изговор, но еве. Тажно е бидејќи заврши на овој начин“, заклучи српскиот тенисер.

Ѓоковиќ и понатаму има шанси да освои медел во Рио, со Ненад Зимонјиќ ќе игра во второто коло во конкуренција со парови.

Слично

Поврзани вести