Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОГОВСКИ И ЧЕРЕПНАЛКОСКИ НОВИ ЧЛЕНОВИ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА ТТК БАНКА, ќе добиваат месечен надомест од 45 илјади денари

ГОГОВСКИ И ЧЕРЕПНАЛКОСКИ НОВИ ЧЛЕНОВИ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА ТТК БАНКА, ќе добиваат месечен надомест од 45 илјади денари

ТТК Банка објавува дека се именуваат нови членови во Надзорниот одобр на банката. 

Притоа за нов член на Надзорен одбор е именуван Бобан Гоговски до 19.3.2025. Исто така нов член на Надзорниот одбор на ТТК Банка е именува и Златко Черепналкоски за период од четири години. 

- На именуваните членови на Надзорниот одбор им се определува награда за ангажирање и учество во работата на седниците на Надзорниот одбор во износ од 45.000 денари - се наведува во соопштението на ТТК Банка објавен на Македонска берза. 

Оваа одлука како што е потенцирано во соопштението ќе се применува по добивање согласност од Гувернерката на Народна Банка.

Бобан Гоговски од неодамна го презема управувањето со познатиот тетовски комбинат „Тетекс“. Промената како што објави „Фактор“ беше објавена во Централниот регистар на државава.

П.О.

Слично

Поврзани вести